Башким Селмани уиверзитетски професор во емисијата 24 Отворено рече дека изумирањето на една држава се должи на луѓето кои го победуваат законот, а силаја ја поразува правдара и тоа е основен проблем и често се бара решение за тие проблеми.
– Од владата се бара решение, а на крај разбираме дека самата влада е проблемот. Универзалните права секогаш почнуваат од моментот кога државата ги цени самите институции и правото зависи од институцијата. Кај нас, проблем, не е само правосудството, туку основата комуникација межу институциите. Правата на луѓето се губат токму во нив и никој не води сметка за тоа. Основните темелни вредности за кои идната влада рече дека ќе бори против корупцијата, криминалот и функционирањето на правната држава, а пак профолжува по истото. Политиката не се бори против криминалот, туку институцијата. – рече Селмани.