Селма Хајек со нејзиниот стајлинг ги возбуди мажите: Актерката се откажа од голотијата, а тесниот фустан одлично ја истакна нејзината тенка фигура (фото)
Салма Хајек беше на синоќешната премиера на филмот „El Sabor De La Navidad“, кој беше прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Торонто, кој ќе трае до 17 септември. Фустанот што го носеше е противтежа на општата голотија на јавната сцена.
Таа се откажа од голотијата
Тесниот фустан во бела боја ја истакна витката фигурата на Салма Хајек, а дизајнерите помислија да користат „двоен материјал“ околу половината за да ги нагласат облините и притоа да маскираат одреден вишок на стомакот, доколку постои, што не е случај во оваа приказна, па овој детал само ја зголемува елеганцијата.
Го прави гламурозен и пократката наметка, која го претвори фустанот во идеален модел за црвениот тепих.
Салма Хајек одеше „закопчана до грло“, а заведуваше повеќе од голите ѕвезди. Ниту малку посмели испакнати гради не го расипа тој впечаток. Очекувано, стилистите на актерката знаат дека белата боја одлично оди со црвената и зелената, па не случајно карминот и чантата се во тие нијанси.
И да, фризурата беше врвен избор