Селфи од Оскарите! Оваа слика го обиколи светот пред 10 години, а тогаш никој не се сомневаше дека после тоа се ќе тргне надолу

Пред 10 години водителката Елен Деџенерис објави селфи со познати актери на Оскарите, а со текот на времето сите од фотографијата доживеаја тешки моменти во животот.

На 86. доделување на Оскарите, водителката и комичарка Елен Деџенерис собра неколку познати актери. 

Бредли Купер, Џенифер Лоренс, Мерил Стрип, Бред Пит, Анџелина Џоли, Џулија Робертс, Лупита Нионго, нејзиниот брат Јуниор, Ченинг Тејтум, Кевин Спејси и едвај видлив Џаред Лето беа на заедничкото  селфи .

Фотографијата брзо стана вирална и беше споделена повеќе од два милиони пати за само два часа.

Селфито стана историја, но сега, десет години подоцна, многумина тврдат дека фотографијата е опседната. 

Се работи за тоа дека во изминатата деценија секој од фотографијата имал тешки периоди во животот. Повеќето имаа приватни или професионални проблеми.

Така водителката Елен Деџенерис се соочи со тешки обвинувања во 2020 година. Се тврдеше дека атмосферата на снимањето на нејзината ТВ-шоу била токсична. После тоа, во 2022 година, таа одлучи да го прекине снимањето на нејзиното ток-шоу кое се емитуваше цели 19 години и повеќе да не се појавува на телевизија. 

Бред Пит и Анџелина Џоли, кои се и во познатото селфи, поминаа низ тежок период. Тие се разведоа во 2019 година, а потоа завршија на суд поради старателство над децата и имот.

 

Актерската дива Мерил Стрип минатата година објави дека од 2017 година не живее со својот сопруг Дон Гамер, со кој помина повеќе од 40 години во брак.

Актерот Кевин Спејси беше обвинет за сексуален напад во 2017 година и оттогаш неговата кариера стагнира. Инаку, тој беше ослободен од сите обвиненија.

 

Џенифер Лоренс помина низ тежок период кога беше цел на хакери кои ги објавија нејзините разголени фотографии.

Бредли Купер се раздели од својата партнерка Ирина Шајк, а неговиот последен филм „Маестро“ наиде на различни критики.

 

Филмските критичари истакнуваат дека Џулија Робертс нема снимено некој особено добар филм во деценијата зад нас, а уште повеќе, тие ги сметаат за значителни неуспеси.

Единствените чии кариери останаа недопрени во тие 10 години се Ченинг Тејтум, Лупита Нионго и Џаред Лето.