Семејната трагедија на Жељко Самарџиќ: Син ми го погребав кога имаше три и пол месеци

Жељко Самарџиќ е еден од најпопуларните пејачи на Балканот, а малкумина знаат дека доживеал семејна трагедија. Имено, неговиот син Златко починал кога имал три и пол месеци.

„Семејството на татко ми е од Никшиќ. Таму го закопавме малиот Златко. Тоа беше тага за сите нас. Кога и да дојде тој месец, јас и Маја самите ја споделуваме таа тага и секогаш мислиме колку ќе беше голем да останеше жив. , но тоа е животот. Човек никогаш не знае што може да му се случи во животот. Одиш по улица и те удира кола, а не го очекуваше. Тој беше бебе, имаше три ипол месеци. Му го дадов името Златко по мојот кум кој многу го сакав.“ изјави еднаш.

Потоа подетално го опиша овој неописливо тежок момент за семејството.

“Се сеќавам на тој период. Мојата покојна баба првпат дојде за да го види нејзиниот правнук. За неа беше голем шок кога се случи се. Во Црна Гора, главата на човекот е голема работа. Никогаш нема да заборавете на тоа. Сите ние како семејство отидовме од Мостар во Никшиќ да ги извршуваме овие обреди“, додаде тој.

Жељко ја запознал сопругата Маја во родниот Мостар. Се венчале кога тој имал 22, а Маја 18. Ја добиле ќерката Сања. Две години подоцна Маја го родила Златко, кој почина два месеци подоцна поради проблеми со цревата. Подоцна ги добија ќерките Данијела и Миња.