Семејна трагедија во Подгорица: Маж ја убил сопругата и малолетниот син а потоа цевката ја свртел кон себе
М.Д.(52) од Подгорица ги убил сопругата В.Д.(50) и синот Ѓ.Д. (13) по што се самоубил.
Според информациите од Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа, двојното убиство и самоубиството се случиле во населбата Толоши половина час по полноќ.
Полицијата соопшти дека М.Д со огнено оружје ги убил сопругата и синот.
Истрагата е во тек.