СЕМЕЈНО КУЧЕ УБИЛ ДЕВОЈЧЕ! Седуммесечно дете примено во болница со повреди на главата, немало како да се спаси!
Миленичето не беше класифицирано како опасна раса!
Мало девојче починало откако било нападнато од домашно милениче во нејзината семејна куќа во Вест Мидлендс, Англија.
Седуммесечно девојче итно е пренесено во болница со сериозни повреди на главата, објави денес Скај њуз.
Миленичето, кое не е класифицирано како опасна раса, го извадиле од домот и го успале. Полицијата соопшти дека продолжува со истрагата за случајот.
Да потсетиме, неодамна момчето Езра Мансур, стар само шест недели, им подлегна на повредите во болница откако во семејната куќа во Тенеси беше смртно нападнат од осумгодишно хаски.
Кучето го искористило моментот кога бил сам во делот од куќата со бебето и тогаш скокнал врз неа и не само што ја згмечил со својата тежина, туку и ја искаса.
Родителите во паника ја здогледале трагата од крв која хаскито ја правело низ куќата, па втрчале во собата каде го виделе детето како умира.
Следела борба за животот на Езра, патување до ургентниот центар, но детето починало поради крварење и оток на мозокот.
Според неговите родители, Езра бил во болница во критична состојба речиси една недела пред да почине.
Родителите во полиција изјавиле дека нападот на кучето бил неиспровоциран, и дека тој никогаш не покажувал знаци на агресија кон никого.
„Да се биде мајка на Езра беше најголемата чест и најдоброто нешто што некогаш сум го направила“, изјави ожалостената мајка на детето Клои Мансур.
Додека животот на малиот Езра трагично бил скратен, неговите родители Марк и Клои решиле да им помогнат на другите бебиња на кои им е потребна донација на неговите органи.
Од друга страна, потценување е да се каже дека тие ја налутија заедницата околу градот Ноксвил кога на социјалните мрежи напишаа дека нема да се откажат од кучето и дека тој е полноправен член на куќата иако го убил нивното дете.