Семејствата на жртвите од Рибникар за пресудата до родителите на момчето убиец: Се чувствувам како повторно да се убиени

Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето што го изврши масакрот во „Рибникар“ е осуден на 14 години и 5 месеци затвор, неговата мајка Миљана Кецмановиќ на 3 години, а инструкторот од стрелиштето е осуден на 15 месеци затвор за давање лажно сведочење.

По изречената првостепена пресуда на родителите, дел од членовите на семејствата на убиените ја коментираа судската одлука.

Билјана Пауновиќ, мајка на убиената Адријана Дукиќ

Нема казна што ќе нè помири со ова.

– Ова е казната за деветте убиени деца и Драган. Го очекувавме тоа, но нема казна, нема пари или зборови што ќе нè помират со овој живот. Ова е буквално ништо за ваков вид на криминал. Сите треба да се договориме како да продолжиме, но сигурно нема да застанеме. Навистина ѝ го должам на ќерка ми.

Радица Влаховиќ, сестра на убиениот Драган

Се чувствувам како повторно да го убија брат ми

– Не очекувавме многу, но се чувствувам како повторно да го убиле мојот брат и сите тие невини деца. Пресудата е таква каква што е и не може да биде праведна, бидејќи беа убиени десет невини луѓе, кои беа на вистинското место во вистинско време, а да не зборуваме за повреденото момче, кое се бори за живот. Каква пресуда да очекуваме? Некој ќе продолжи да живее десет, 15 или 20 години. Нема праведна пресуда за ова, само дека е направен преседан, така што тоа никогаш повеќе да не се повтори .

Недељко Аќимовиќ, татко на убиената Анџелина

За нив и доживотна казна би била мала

– Ние родителите сме осудени доживотно да жалиме, а за нив доживотната казна би била мала, но нашето кривично право е такво што во моментов имаме законски дупки, кои не дозволуваат казните да бидат построги. Судот ги ценеше доказите и донесе одлука во согласност со нив.