Семејството уништено, мајката на Фоден вознемирена од скандирањето на навивачите на Манчестер Јунајтед

Бурата не стивнува откако навивачите на Манчестер Јунајтед пееја погрдна песна и ја навредуваа мајката на фудбалерот на Манчестер Сити Фил Фоден на неодамнешното големо градско дерби.

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ремизираа без голови во дербито во Премиер лигата, но натпреварот доби „трето полувреме“ поради срамните скандирања упатени кон Фил Фоден.

Навивачите на Манчестер Јунајтед ја навредуваа мајката на Фоден нарекувајќи ја најпогрдни зборови, кои можеби и не вредат да се емитуваат. Таа сцена беше тешка за самиот фудбалер, но и за целото семејство.

Бабата на Фоден, Мери Китс, откри дека сите во семејството биле повредени и вознемирени од скандирањата што се слушаат од Олд Трафорд.

“Тоа навистина ја вознемири, сите нас во целото семејство. Одвратно е. Навистина ме боли да се слушне што викаат фановите за неа. Овие луѓе треба добро да се погледнат себеси. Клер е прекрасна жена и мајка. Не сакам да кажам премногу бидејќи тоа ме прави многу лута и ми се гади”, вели бабата Мери од мајката на Фоден Роланд Клара.

Воедно, сето тоа тешко падна и на самиот Фил Фоден, кој ја напушти играта во 58. минута, веднаш по извикот. Неговиот тренер Пеп Гвардиола самиот призна дека фудбалерот тешко го зел тоа.

„Фоден не се чувствува добро, но да одиме напред. Не се работи само за Јунајтед, тоа е проблем во светот. Погледнете го само светот, ќе разберете дека не сме на вистинскиот пат“, изјави Гвардиола во свој стил.

На истото дерби навивач на Манчестер Јунајтед му удри шлаканица на гостинскиот фудбалер Џек Грилиш и тој веднаш беше уапсен.