Семејство било погодено од гром додека седеле во ресторан! Паднале како покосени, мажот починал а детето е повредено!
Жена (43) и дете (11) се тешко повредени, а маж починал откако го удрил гром во Германија. Трагедијата се случила вчера во ресторан во провинцијата Баден Виртемберг, кој бил преполн со туристи.
Жената седела со своето дете и другарка во градината на ресторанот покрај дрво кога почнало да грми. Гостите на ресторанот велат дека само наеднаш виделе блесок и гром како ја удира жената директно во градите.
– Сите тројца паднаа како покосени – изјавил работник во ресторан за Билд.
Гостите, рече тој, втрчале внатре по експлозијата.
– Видов молња како ја удира во градите и излегува низ нејзините потпетици. Момчето стоеше до неа, а мажот седеше до неа – тврди келнерот.
Тие веднаш биле пренесени во болница, каде мажот им подлегнал на повредите.