Американскиот Сенат повика на формирање специјален меѓународен трибунал за Русија за барање одговорност за злосторствата извршени по нејзината незаконска агресија врз Украина.
Предлог-резолуцијата потекна од членови на Комисијата за надворешни работи, сенаторите демократи Бен Карден и Тим Кејн.
Резолуцијата беше донесена по вчерашното сослушување на амбасадорката Бет Ван Шак, специјален претставник на Стејт департментот за глобално кривично право.
На сослушувањето, Шак ги изложи начините како Русија може да биде повикана на одговорност.
Според резолуцијата за извршените злосторства во Украина, како оние во Буча, Ирпен, Херсон или Мариупол, директно виновен е рускиот претседател Владимир Путин.