Сенегалецот Ниакате најскап фудбалер во историјата на Лион


Лион, 5 јули 2024 (МИА) – Сенегалскиот дефанзивец Муса Ниакате (28) се пресели од Нотингем Форест во Лион за сума од 31,9 милиони евра, со што стана најскапиот играч во историјата на францускиот клуб.
Ниакате потпиша договор со Лион до јуни 2028 година, откако последните две сезони ги помина во Нотингем Форест.
Роден е во Рубе на северот на Франција, а професионалната кариера ја почна на 18-годишна возраст за Валенсиен. Потоа играше за Мец, Мајнц, а од 2022 година го носеше дресот на Нотингем Форест.
Истата година доби дебитантски повик за репрезентацијата на Сенегал, за која досега одигра 12 натпревари.