Сензација: Неколку аматери го открија најстариот фосил на кожа! Мистериозниот рептил живеел пред 288 милиони години
Беше груб и најмногу наликуваше на кожа на крокодил
Фосилизирана кожа на мистериозен рептил кој живеел најмалку 45 милиони години пред првите диносауруси е откриена во пештера во Оклахома. Пар аматерски палеонтолози – Бил и Џули Меј – дошле до сензационално откритие, а научниците од Универзитетот во Торонто во Мисисага утврдиле дека станува збор за фосилизирана кожа стара околу 288 милиони години.
Кожата, која припаѓала на раниот тип на рептил од палеозоикот, имала груба површина и најмногу наликувала на кожа на крокодил, пишува Phys.org .
Тоа е најстариот пример на зачуван епидермис, надворешниот слој на кожата кај копнените влекачи, птиците и цицачите и претставува важна еволутивна адаптација во транзицијата кон живот на копно.
– Од време на време добиваме исклучителна можност да ѕирнеме во античките времиња. Овој тип на откритија навистина може да го збогати нашето разбирање и перцепција за овие животни – изјави Итан Муни, студент по палеонтологија на Универзитетот во Торонто и член на тимот на палеонтологот Роберт Рајс.
Кожата и меките ткива ретко се фосилизираат, но експертите веруваат дека уникатните карактеристики на системот на пештерата на Ричард го овозможиле тоа.
– Животните влегле во овој пештерски систем за време на раниот Перм и биле покриени со многу фин глинест талог што го одложил процесот на распаѓање. Таму имало и активно истекување на масло за време на Перм, така што веројатната интеракција на јаглеводородите во маслото и катранот овозможила да се зачува кожата – изјави Муни.
This is the oldest fossilized reptile skin ever found — it pre-dates the dinosaurs https://t.co/QE9ldcrHgz
— nature (@Nature) January 11, 2024
Фосилот на кожата е мал, помал од ноктот. Микроскопската студија, предводена од Тиа Махо од Универзитетот во Торонто, откри епидермално ткиво, белег на амниотите, животни кои вклучуваат влекачи, птици и цицачи кои еволуирале од водоземци за време на јаглеродот.
– Целосно сме шокирани од она што го видовме бидејќи не личи на ништо друго. Откривањето на толку стар фосил од кожа е извонредна можност да се погледне минатото и да се види како изгледала кожата на некои од овие животни – изјави Муни.
Фосилна кожа на животно за кое ништо не се знае е зачувана во Кралскиот музеј Онтарио. Се верува дека диносаурусите се појавиле пред околу 243 милиони години.