СЕНЗАЦИЈА ОД СОСЕДСТВОТО: ВАХИД ХАЛИЛХОЏИЌ ЈА ПРЕЗЕМА КЛУПАТА НА БРАЗИЛ? „ДА, ТОЧНО Е, МИ СЕ ЈАВИЈА“
Ваха досега ги водеше репрезентациите на Брегот на Слоновата Коска, Алжир, Јапонија и Мароко.
Дневниот весник на Босна и Херцеговина „ Дневни аваз “ објави дека Вахид Халилхоџиќ е кандидат за селектор на бразилската фудбалска репрезентација! Ваха веднаш по првичните пишувања ја потврди информацијата.
– Точно, ми се јавија утрово. Првиот контакт беше остварен. Не знам што ќе се случи понатаму. Сè треба да се прецизира, конкретизира – изјави Халилхоџиќ за порталот Дневни аваза.
Поранешниот тренер на Динамо истакна и дека во последно време има многу понуди.
Во изминатиот период добив покани од десет репрезентации. Размислувам за најдоброто нешто што можам да направам. Што се однесува до Бразил, веројатно следната недела ќе се знае повеќе – изјави Халилхоџиќ.
Бразил е без селектор два месеци, односно од елиминацијата на репрезентацијата од Светското првенство во Катар по четвртфиналниот пораз од Хрватска.
Ваха досега ги водеше селекциите на Брегот на Слоновата Коска, Алжир, Јапонија и Мароко, а иако низ квалификациските циклуси ги однесе сите четири репрезентации на светските првенства, се појави само во еден, и тоа во 2014 година со Алжир.