„Сепак, не би сакал да ме замени вештачката интелигенција…“: Орландо Блум открива дали се враќа како Легалос

Британскиот актер Орландо Блум е подготвен да се врати на улогата што му донесе светска слава – елфот Леголас од легендарната франшиза „Господар на прстените“ во претстојниот филм „Лов на Голум“, кој ќе го режира Енди Серкис.

Тој за можноста за негово враќање зборуваше во интервју за „Тудеј Шоу“.

 Искрено, сè уште не сум слушнал ништо. Знам дека фокусот е на Голум, па сè е можно“, рече Блум.

Тој потсети дека режисерот 
Питер Џексон претходно го вратил во франшизата кога Леголас се појавил во вториот и третиот дел од трилогијата „Хобит“.

„Тоа е навистина неверојатна улога. Благодарен сум што бев дел од тие филмови. Но, во моментов нема информации“, додаде актерот, искрено признавајќи:

„Не би сакал да видам некој друг да го игра Леголас . Се надевам дека нема да го вратат со помош на вештачка интелигенција, со која можат да прават што сакаат денес.“

Не би сакал да ме замени вештачката интелигенција...: Орландо Блум открива дали се враќа како Легалос