По драстичното слабеење, Серена Вилијамс изгледа подобро од кога било, а нејзините најнови фотографии се доказ за тоа…
Серена Вилијамс присуствуваше на доделувањето на наградите „Принцезата од Астурија“ во Шпанија. Наградата се доделува на поединци од областа на уметноста, општествените науки и спортот кои направиле разлика во заедницата преку својата работа.
Поранешната тенисерка , која неодамна проговори за употребата на лекови за слабеење , беше една од добитничките на наградите и потценување е да се каже дека блесна на настанот .
Серена носеше црвен макси фустан кој ги истакнуваше нејзините облини. Деталите на предниот дел од фустанот беа исто така забележливи, давајќи му на целиот аутфит суптилна доза на елеганција.
Креацијата е од индискиот дизајнер Гаурав Гупта и е дел од неговата колекција висока мода. Таа го надополни стилизирањето со брановидна коса што слободно паѓаше по рамената, како и шминка во земјени тонови што ја истакнуваше нејзината природна убавина.

Всушност, Серена Вилијамс не е истата личност откако ослабе. Таа изгледа подобро од кога било!