Серена Вилијамс на својот профил на платформата „Х“ објави емотивна фотографија со најмладата ќерка.
Тримесечната ќерка Адира Ривер безгрижно спиела на градите на мајка си.
-Ова многу ме радува – напишала Серена со сликата.
This makes me so happy pic.twitter.com/2aq5oiQK1G
— Serena Williams (@serenawilliams) November 28, 2023
Пензионираната тенисерка ја објави оваа слика набргу откако на Инстаграм откри дека имала тежок ден.
Таа ја покажа својата ранлива страна поради нејзиното ментално здравје.
– Денеска не се чувствувам добро. И тоа е во ред – дека не си во ред. Никој не е добар секој ден. Ако не се чувствувате добро денес, јас сум со вас. Секогаш постои утре. Те сакам – напиша Серена.
Инаку, Серена со сопругот Алексис Оханијан ги има ќерките Олимпија и Адира.