СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЕНАТА ХУНТА ВО НИГЕР – Африканската унија направи драконски потег – испратена е важна покана до генералот

Африканската унија (АУ) го суспендираше Нигер од учество во сите негови активности по воениот удар во земјата, соопштено е денеска, јавуваат светските медиуми.

Во истото соопштение, лидерите на Нигер се повикани да го ослободат соборениот претседател Мохамед Базум и да се вратат во нивните касарни, пренесува медиумската агенција Reuters.

АУ ги повика земјите-членки и меѓународната заедница да не преземаат никакви потези или дејствија што би можеле да и дадат легитимитет на воената хунта на Нигер и изјавија дека силно го отфрлаат мешањето на кој било актер или земја надвор од Африка.

Советот за мир и безбедност на АУ го прифати повикот на западноафриканскиот блок ЕКОВАС за активирање на резервните сили за можна воена интервенција, како и повикот до Комисијата на АУ да ги процени економските, социјалните и безбедносните импликации од распоредувањето на таквите сили“, се додава во соопштението, пренесуваат светските медиумски агенции.

ЕКОВАС претходно соопшти дека земјите-членки се подготвени да испратат војници во Нигер доколку не успеат дипломатските напори за обновување на избраната Влада.