СЕРИЈА НАПАДИ со беспилотни летала на Украина! Небото гореше над Евпаторија, во прекин сообраќајот на Кримскиот мост
Украинците повторно се обидоа да го нападнат Крим.
Руската воздушна одбрана синоќа собори 11 украински беспилотни летала над Крим и едно беспилотно летало над руската област Брјанск , соопшти Министерството за одбрана.
Министерството наведува дека е спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напади со беспилотни летала на Крим и областа Брјанск, пренесе РИА Новости.
Украинските сили ја напаѓаат руската погранична територија со беспилотни летала речиси секој ден.
⚡️A powerful explosion occurred in the temporarily occupied #Yevpatoriya (#Crimea) at night. Local Telegram channels published photos and video.
— KyivPost (@KyivPost) September 14, 2023
According to Russian state media reports, Russian air defenses allegedly destroyed 11 drones over the territory of temporarily… pic.twitter.com/I64DoX3nSY
Сообраќајот на мостот на Крим е привремено во прекин , беше објавено на каналот Телеграм за оперативната состојба на мостот. Причините за прекинот на сообраќајот не се прецизирани.