Шпанскиот фудбалер, Серхио Рамос, вечерва на натпреварот помеѓу Севиља и Ленс во Франција успеа да ја испише историјата на Лигата на шампионите со голот кој го постигна од пенал во 79. минута од натпреварот.
Неговата Севиља беше поразена со 2-1 со голот ж на Фулгинио. со што остана без европска пролет, но Шпанецот успеа да се најде на врвот на листата на стрелци кога се во прашање одбрамбените играчи.
Имено, сега никој нема постигнато повеќе голови во историјата на Лигата на шампионите кога се во прашање дефанзивците, бидејќи Рамос зад себе ги остави Жерар Пике и Роберто Карлос кои постигнаа по 16 гола.
На четвртото место е легендарниот Иван Гелгера, кој постигна 15 голови.
Рамос оваа сезона постигна два гола во Лигата на шампионите.