Серхио Рамос се враќа дома

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос има голема желба следната сезона да ја помине во дресот на Севилја. Во овој клуб Рамос ја започна кариерата.

Рамос веќе ги одбил понудите од Саудиска Арабија бидејќи сака да се врати во Шпанија главно поради семејството.

Во Севилја има голема конкуренција на стоперските позиции, тука се Баде, Маркао, Нијансу, Рекик, а оваа сезона тренерите на Севилја на оваа позиција доверба му укажаа и на Гудељ.

Рамос од Севилја во 2005 година, за сума од 30 милиони евра се пресели во Реал Мадрид, со кого освои се и стана легенда на клубот и шпанскиот фудбал.

Последните две сезони ги мина во ПСЖ каде имаше многу проблеми со повредите поради кои пропушти голем дел од првата сезона, додека во втората беше поконстантен на теренот.