Сестрата на Софија Вергара се соблече во бикини и изгледа зачудувачки: Сандра е убавица по која многу мажи копнеат, а јасно е зошто (фото)

Помладата сестра на познатата колумбиска убавица изгледа заносно исто како неа, Сандра Вергара плени каде и да се појави.

Софија Вергара е една од најубавите жени денес, а за тоа може да ѝ се заблагодари на генетиката. На педесет години, таа има речиси совршено тело, како и лице, а малкумина би ѝ одолеале.

Софија Вергара во ретро костим за капење

Помладата сестра на актерката, 
Сандра Вергара, исто така е вклучена во јавните работи и е многу популарна. Таа почнала да се занимава со манекенство на 24-годишна возраст, а во 2009 година се појавила во серијата „CSI: Miami“. Нејзините други филмски и ТВ улоги вклучуваат улоги во „Fright Night“, „Fetching“ и „Nip/Tuck“, „Theresa Corazon“. Сандра има 36 години, а неодамна се обидела во реално шоу. 

Сандра долго време е позната како помладата сестра на Софија Вергара, но малкумина знаат дека таа е всушност нејзина братучетка која била посвоена од семејството на Софија кога таа била дете. Таа растела рамо до рамо со познатата актерка, но ретко се појавувала во јавност. Едно од ретките излегувања заедно се случило во 2005 година, кога заедно прошетале по црвениот тепих.

Сандра потврди на социјалните мрежи дека ќе се појави во 9-тата сезона од хит-риалити-шоуто на Нетфликс, кое ги следи животите и работните места на агентите за луксузни недвижности во рамките на престижната агенција „Опенхајм груп“.

„Ќе внесам малку повеќе сјај, длабочина и пакост во реалното шоу“, напиша Сандра на својот профил.

„Снимањето беше забавно. Премногу сум благодарна и почестена што сум дел од ова лудо, прекрасно искуство. Наскоро повеќе. Подгответе се за магијата“, рече таа.