Сестрата на Фросина распали на Фејсбук – Гнев по пресудата за Теодора

Росица Кулакова, сестрата на прегазената Фросина Кулакова, се огласи на Фејсбук по пресудата за смртта на младата прегазена Теодора Ристевска. Младата девојка беше прегазена и усмртена во септември 2022 од страна на Менсур Пајазити, кој вчера доби 2 години затвор за делото.

– Кога најнеправедните седнуваат во највисоките столчиња на правдата, тогаш таа станува пародија. Каква правда можеме да очекуваме кога токму неправдата е темелот на кариерата на тие што треба да ја судат? Се додека чекаме вакви луѓе да судат правично, правдата ќе остане само збор, а не и дело. Правда за Теодора!, напиша Росица.

Во септември во 2022 година, 22-годишната Теодора беше прегазена во Тетово од БМВ кое го управувал 44-годишниот Пајазити. Тетовскиот суд во ноември во 2023 година, пресуди три и пол години затвор за возачот. Тој ја обжали казната, Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали казната на Пајазити на две години затвор.

Пајазити е обвинет за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.

За жал, и сестрата на Росица, Фросина, беше прегазена и усмртена на пешачки премин кај Силбо на Партизанска во Скопје.