Сестрата на Јелена Розга првпат фотографирана во јавност, малкумина знаат како изгледа затоа што не сака да се покажува: „Таа е сосема друг тип“
Сестрата на Јелена Розга, Јулија Розга Ќук, привлече внимание со своето појавување на настан во Сплит.
Постарата сестра на пејачката Јелена Розга, Јулија Розга Ќук се појавува во јавноста во ретки прилики и ретко кој знае како таа всушност изгледа, но неодамна таа реши да направи исклучок.
46-годишната Јулија беше гостинка на презентацијата на новата креација на парфем на еден бренд во Сплит, каде што им позираше и на фотографите кои случајно се нашле таму. За таа прилика носеше црна комбинација, а не ги симна темните очила за сонце. Јулија вообичаено не сака да се експонира, па до сега немаше ниту една нејзина фотографија достапна за јавноста. Покрај Јулија, на дружбата уживаа и сплитската дизајнерка Анамарија Асановиќ, пејачката Силвија Дворник и други.
Сестрите Розга нормално се многу блиски, а и покрај тоа што Јулија вешто ги избегнува медиумите, Јелена во неколку наврати зборуваше за неа.
„Долго се каравме, некаде до 17 години, се сеќавам, веќе пеев во Магазин и се скаравме, нешто за облеката, нормално, сестра ми беше покриена со модринки, а мене половина од косата ми фалеше, се сеќава таа.
Тинејџерските кавги денеска се далеку зад нив и сестрите се во одлични односи, а Јелена е и горда тетка на своите внуци Леа и Ноа.
„Сестра ми, ја викам сестра, води сосема поинаков живот. Јулија е мајка, прекрасна мајка, а Јулија отсекогаш била тип што станувала во осум наутро. Јас сум голем спанко, а таа е сосема поинаков тип. Таа реши на помирен начин на живот“, изјави таа пред две години за RTL Ekskluziv.