Се бара оставка од Мерц по неуспешниот обид да стане канцелар

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АФД) го коментираше неуспехот на лидерот на демохристијаните Фридрих Мерц на гласањето за доверба во Бундестагот во вторник. Претседателката на АФД, Алис Вајдел, го повика Мерц веднаш да поднесе оставка.

На Мерц му недостасуваа шест гласа за мнозинство, и сега ќе има 14 дена да се обиде да ги зближи редовите на неговата ЦДУ и СПД за да обезбеди мнозинство за формирање на влада.

„Гласањето покажа колку се слаби темелите на малата коалиција на ЦДУ и СПД, која гласачите ја одбраа“, рече Вајдел.

Го повика Мерц веднаш да поднесе оставка.

„Добро би било да поднесе оставка, затоа што после таква изборна измама, некој да стане канцелар на ваков начин, едноставно не може да се случи“, коментираше лидерот на парламентарната група на АФД, Бернт Бауман.

Доколку новата коалиција не успее да изгласа канцелар во предвидениот рок, можни се нови избори