Продолжува потрагата по телото на двегодишното девојче Данка Илиќ од Бор.
Од куќата на осомничениот Дејан Д. во село Злот, потрагата е фокусирана на Лазарева пештера и Злотска река, кои се наоѓаат нешто повеќе од три километри од ова место.
Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, пред пештерата има припадници на полицијата, како и пожарникари и спасувачи. Денеска е целосен молк пред куќата на осомничениот Дејан Д. Нема никој, освен една дежурна полициска патрола.
Полицијата вчера изврши интензивен претрес на теренот на куќата на осомничениот Дејан Д., кој и самиот вчера беше присутен на лице место. Во селото Злот од утрово пристигнуваат цистерни за одводнување на септички јами, пожарникари, полиција, багери.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено. На осомничените за нејзиното убиство им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.