Се бираат членови на општинските изборни комисии на 16 дена до изборите

Изборна единица, општина, национална и родова припадност, а потоа случаен избор на претседател, член или заменик од вработените во јавната администрација. Оваа постапка е неопходна за избор на 800 лица за учество во општинските изборни комисии од околу 130.000 административци. Барањата за изземање постојано пристигнуваат во Државната изборна комисија (ДИК), дури и кога од изборите нè делат само 16 дена.

Дел од барањата се оправдани, други се одбиени. ДИК од сите бара да го почитуваат Изборниот законик и упатствата, да доставуваат дневни извештаи, да формираат избирачки одбори и да одат на обуки бидејќи се ослободени од другите работни обврски.

Во шесте изборни единици има 80 општински изборни комисии составени од пет члена и пет заменици. ДИК ги потсетува дека и во нецелосен состав, може да ги состават избирачките одбори. Тие се составени од два члена предложени од власта, два члена од опозицијата и претседател од администрацијата. Сите имаат задолжителна обука за спроведување на гласањето.