Се ближи моментот на одлука – Јокиќ или Ембилд? Кошаркарите нетрпеливо го чекаат ова: Еве кога ќе дознаеме кој ќе биде MVP!

Ноќта помеѓу понеделник и вторник, еден час по полноќ, НБА лигата официјално ќе го објави добитникот на блескавата награда MV3P за тековната сезона.

Така, наскоро ќе дознаеме дали двократниот МVP на најсилната лига во светот, маестралниот Србин Никола Јокиќ трета година по ред ќе ја добие оваа престижна награда.

Борбата за МVP титулата никогаш не била понеизвесна од сега, а „мртвата трка“ е меѓу центарот на Денвер, Никола Јокиќ и центарот на Филаделфија, Џоел Ембиид.

Во конкуренција за наградата е и Гркот Јанис Адетокумбо, но слаби се шансите признанието да го добие кошаркарот на Бакс.

Јокиќ и оваа сезона блескаше на теренот. Во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 24,5 поени, 11,8 скока и 9,8 асистенции, а неговиот Денвер за првпат во историјата на франшизата го освои првото место на Западот.

За волја на вистината, и Ембиид имаше одлични бројки оваа сезона. Тој беше најефикасниот играч во лигата со 33,1 поен по натпревар, а имаше просек од 10,2 скока и 4,2 асистенции. Неговиот тим беше трет на Истокот во регуларниот дел од сезоната.

Доколку повторно ја освои престижната награда, Јокиќ ќе стане првиот играч по легендарниот Лери Бирд, кој три пати по ред беше МMV на лигата. Легендата на Бостон тоа го направи во 1984, 1985 и 1986 година.