Се бројат мртвите; Зеленски до Русите: Престанете, се ќе ви вратиме

Тоа е 532-от ден од војната во Украина. Се бројат жртвите од руското гранатирање на Покровско. Украина тврди дека мета биле цивилни објекти, додека Русија тврди дека целите биле стратешки цели.

Официјалниот Киев тврди и дека е разоткриена женска шпионска мрежа која работи за Русија и приватната воена група „Вагнер“. Според тврдењата на службите, четири Украинки собирале разузнавачки информации за бројот на украинските војници и фотографирале воена опрема во регионот на Доњецк.

Во меѓувреме, Вашингтон продолжи да ја вооружува Украина, најавувајќи нов пакет помош од 200 милиони долари и првиот контингент тенкови Абрамс.