Ѝ се закануваат со тужба: Новинарka објави снимка од разговор со Роналдо на која тој ја кани на вечера ВИДЕО

Во последните денови на социјалните мрежи кружи видео од наводен случаен разговор меѓу арапска новинарка и фудбалерот Кристијано Роналдо.

Халима Боланд е новинарка која за кратко време стана многу популарна откако наводно ја покани Кристијано Роналдо, а се` објави на социјалните мрежи.

Набргу потоа се појавија информации дека разговорот воопшто не се одвивал, а гласот на Роналдо е монтиран од снимката.

Некои арапски медиуми тврдат дека на новинарката и се заканува тужба од клубот на Роналдо, а на следното видео таа објави видео на кое тој дури ја кани на вечера после тренинг.

Наводно, тужбата против Халима е веќе поднесена поради злоупотреба на вештачката интелигенција, додека таа тврди дека ништо не злоупотребила, па дури и го покажала бројот на фиксниот телефон каде се гледа името на јавувачот.

„Го почитувам фудбалскиот клуб Ал Наср и сум голем фан на Кристијано Роналдо, но морав да одговорам на сите лажни обвинувања против мене“, изјави Халима.