СЕ ВОВЕДУВА НОВ ЗАКОН КОЈ ЌЕ ПРОМЕНИ МНОГУ – Децата до 16 години нема да можат да користат социјални мрежи, а родителите нема да можат да направат ништо против тоа ?

На децата и младите во Флорида помлади од 16 години ќе им биде забрането да користат социјални мрежи без оглед на одобрението од родителите, според законот усвоен од Претставничкиот дом на Флорида во средата.

Според американските медиуми, законот не кажува кои платформи ќе бидат забранети, но тој ги таргетира сите социјални медиуми кои ја следат активноста на корисниците, им дозволуваат на децата да објавуваат материјали и да комуницираат со други, како и да користат функции за зависност дизајнирани да предизвикаат прекумерна или компулсивна употреба.

Предлог-законот не се однесува на апликациите што се користат за размена на приватни пораки меѓу поединци.

Тие ги користат предностите на децата кои растат. Тоа е нивниот бизнис модел. И зошто го прават тоа ? За да ги држат приврзани…со допаминските хитови што платформата им ги дава на нашите деца со секое автоматско играње, со секој лајк, со секое притискање…“, истакна републиканскиот пратеник Тајлер Сироис, кој стои зад законот.

Законот беше усвоен со 106 гласа „за“ и 13 „против“, а мерката ќе бара социјалните мрежи да ги отстранат сметките на сите помлади од 16 години.

Предлог-законот се уште чека одобрување во Сенатот, кој исто така е под контрола на републиканците, како и во Претставничкиот дом на Флорида.

Претседателот на Претставничкиот дом Пол Ренер кажа дека забраната е еден од неговите приоритети во државната програма за заштита на децата, заедно со нацрт-законот за ограничување на пристапот до веб-страниците за возрасни, кој пратениците исто така го усвоија во средата.

Треба да се справиме со негативните ефекти на социјалните мрежи и да овозможиме добар развој на нашите деца. Флорида има обврска и интерес да ги заштити децата, нивното ментално здравје и нивното детство“, вели Пол Ренер.

Законот, исто така, ќе бара од компаниите трајно да ги бришат личните податоци собрани од прекинатите сметки.