СЕ ВРАЌААТ ЗАШТИТНИТЕ МАСКИ ЗА ЛИЦЕ !? Новиот вид на вирусот Ковид-19 предизвика хаос во втората најнаселена земја во светот а пристигна и во Европа
Новата варијанта на вирусот Ковид-19 која предизвикува хаос во Индија веќе пристигна во Европа односно во Велика Британија, пишува Daily Mail.
Здравствените власти објавија дека минатиот месец во земјата била откриена варијантата – арктурус, а биле забележани речиси 50 позитивни случаи.
Болниците во Индија сега се во црвена зона, а некои држави ги вратија задолжителните заштитни маски за лице за да ја спречат стапката на експлозивната инфекција која се зголеми за 13 пати во изминатиот месец.
Арктурус е варијанта (мутација) на верзијата на омикрон и се смета за најзаразна досега од вирусот Ковид-19.
Сепак, врвните научници не очекуваат варијантата – научно именувана XBB.1.16 – да биде посмртоносна од другите видови на Ковид-19 што моментално циркулираат ширум светот.
Денес, болеста предизвикана од вирусот Ковид-19 е многу слична на грипот, за разлика од најраните денови на пандемијата.
Извршната управа за здравје и безбедност на Велика Британија објави во извештајот минатиот месец дека варијантата веќе била откриена во нивната земја.
Одделни бројки од различни извештаи покажуваат дека Велика Британија сега има рагистрирано скоро 50 случаи на арктурус.
Професорот Пол Хантер, експерт за заразни болести на Универзитетот во Источна Англија, кажа дека е премногу рано да се каже дали XBB.1.16 ќе предизвика значително зголемување на случаите во Велика Британија, но истакна дека оваа варијанта, за среќа, не изгледа дека предизвикува посериозни болест.
„Иако во последните неколку недели на големо се прошири во Индија, досега не се рашири брзо на глобално ниво“, вели тој.
„Се сомневам дека ќе видиме бран на инфекции со оваа варијанта, но се сомневам дека ќе предизвика голем бран, веројатно ни толку голем како оној што го имавме во Велика Британија, па веројатно нема толкав притисок врз здравствените услуги како неодамна“, објаснува тој.
Но, тој додаде дека скокот на бројот на случаи во САД на почетокот на април, каде што XBB.1.16 сочинуваше скоро 6 отсто од тестираните примероци, може да даде навестување за тоа што се очекува за земји како Велика Британија.
Официјални лица во Индија веруваат дека оваа варијанта го движи последниот бран на вирусот Ковид-19.
Министерството за здравство на Индија спроведе тестови оваа недела за да тестира колку болниците се подготвени за потенцијален нов прилив на пациенти.
Некои држави ги вратија заштитните маските за лице на јавни места, за прв пат по повеќе од една година во некои области низ светот токму поради оваа мутација на вирусот Ковид-19.
Светската здравствена организација (СЗО) во моментов го следи арктурус, научно познат како XBB.1.16.
За прв пат беше откриен кон крајот на месец јануари, а официјалните лица рекоа дека има загрижувачка мутација.