Се гради кула висока еден километар! Неверојатна зграда во Саудиска Арабија ќе ги сруши сите рекорди (ВИДЕО)

Во кулата ќе биде сместен познат хотел, апартмани, деловен простор, но и највисоката опсерваторија во светот со поглед на Црвеното Море.

Во Саудиска Арабија продолжува изградбата на највисоката зграда во светот, која ќе го надмине Бурџ Калифа во Обединетите Арапски Емирати за околу 172 метри!

Имено, кулата во Џидда ќе биде висока преку 1.000 метри и ќе се простира на 1,5 квадратни километри!

Во кулата ќе биде сместен познат хотел, апартмани, деловен простор, но и највисоката опсерваторија во светот со поглед на Црвеното Море.

Вкупната цена на овој проект се проценува на неверојатни 20 милијарди долари!