Се давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување, отказ за 15 високи полициски функционери
Министерот за внатрешни работи откри дека во минатото се давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување. Поради ова, Одделот за внатрешна контрола предложил дисциплински постапки, вклучувајќи откази за околу 15 високи полициски функционери од претходната власт.
Комисијата за ревизија на постапките за издавање дозволи за оружје открила дека повеќе од 5.000 предмети не се обработени, а некои се решени спротивно на законот. Тошковски во интервју за Сител истакна дека во минатото луѓе кои имале право, не успеале да ја завршат постапката за поседување оружје. Тој најави и дигитализација на процесот за издавање дозволи.
„По насока на јавен обвинител, ќе бидат поднесени кривични пријави за оние за кои се утврдат елементи на кривично дело. Овие лица добиле отказ, а следуваат и кривични постапки“, рече Тошковски.
Министерот најави и нов закон за поседување оружје, усогласен со законодавството на ЕУ, кој ќе се базира на темелна анализа и системски решенија во интерес на граѓаните.