Се дрогирав заедно со мојот рпден татко: Позната актерка доживеа срцев удар, братот и сестрата ја контролираа, а потоа доживеа трагедија (фото)

Познатата актерка Џејми Ли Кертис ја освои публиката со бројни улоги во популарни филмски продукции, од кои некои денес се сметаат за култни.

Оскар 2024 година, Џејми Ли Кертис

Кариерата ја започнала како 19-годишна девојка, а го напуштила правниот факултет за да се занимава со глума. Но, за да биде она што е денес, самоуверена и самосвесна, требаше да поминат многу години, како што таа тврди.

Освен што стекна светска популарност со актерскиот талент и забележителните улоги, таа стана препознатлива и по совршената фигура.

Проблеми, проблеми

Сепак, приватниот живот на Џејми Ли Карти го одбележаа бројни подеми и падови и контроверзни приказни.

Познатата актерка долги години била зависна од лекови против болки, од кои станала зависна по неуспешна естетска интервенција.

На крајот на краиштата, актерката се навраќаше на овој период и прокоментира дека за неа било страшно искуство да оди на естетска операција за отстранување на темните кругови. По интервенцијата, пред сè поради болки, а подоцна и од навика почнала да зема опијати, но и премногу алкохол.

Џејми Ли Кертис

„Бев зависник во два наврати – првиот пат од болка, вториот од срам затоа што бев зависник“, признала еднаш актерката, а пренесуваат странските медиуми.

Се дрогирала со својот татко и доживеала трагедија

Семејството на популарната актерка се соочило и со огромни проблеми кога се во прашање зависностите, па таткото користел и наркотици. Покрај тоа, Џејми доживеала огромна трагедија кога нејзиниот брат починал на 23 години како последица од предозирање со хероин, пишува Нова.рс.

„3наев дека тато има проблеми, и јас исто така, па заедно се дрогиравме. Имаше време кога јас бев единственото дете што сакаше да разговара со него. Имав шест браќа и сестри, сега имам пет – брат ми Николас почина од предозирање со хероин кога имаше само 23 години“, изјави еднаш Ли Кертис.

Додека се борела со зависноста, таа ја криела дрогата од сестрата и братот кои ја контролирале. Иако поминала низ тешко животно искуство и голема лекција кога нејзиниот брат починал, тоа не и’ ги променило навиките.

Џејми Ли Кертис

Меѓутоа, години подоцна сфатила дека е деструктивна за семејството и дека се уништува себеси, па решила да се лекува за проблемот со зависноста.

Како што еднаш рекла актерката, она што и’ помогнало да излезе и што ја потресе, е забелешката на нејзината осумгодишна ќерка дека таа никогаш не била тука за неа.