Кортни Кокс повторно е на удар на социјалните мрежи поради пластични операции.
Актерката Кортни Кокс (60) која ја глумеше славната Моника во „Пријатели“ присуствуваше на финалето на Вимблдон каде најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ за жал ја загуби титулата.
Таа на престижниот настан дојде во друштво на својот долгогодишен партнер Џони Мекдејд, а нејзиното лице го привлече вниманието на многу луѓе и ги натера корисниците на социјалните мрежи да коментираат.
Лицето на Кортни Кокс е видно поинакво и младешко; обликот на очите, јаготките, устата, „замрзнатото“ лице… а на Вимблдон пристигна елегантно облечена, истакнувајќи ја својата витка линија.
Актерката носеше сиви панталони со широки ногавици, црна свилена кошула и јакна, а стајлингот го заокружи со чевли со циркони и кожна чанта преку рамо.
Видливо е дека нема ниту една брчка на нејзиното лице иако наполнила 60 години, а во една прилика изјавила дека горко жали за филерите кои ги вбризгувала во лицето, но дека успеала „повеќето да го поправи“.
А дали навистина го направила тоа, проценете сами…