Се зголемуваат повиците за пojaва на змии, граѓаните да внимаваат

Граѓаните треба да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период. Вчера во општина Гази Баба е пристигната поплака за змии. Пријавениот веднаш бил известен дека нема служби за фаќање змии.

Па, и е дадена информација дека има луѓе на повик кои се справуваат и фаќаат змии“, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

Вчера змија била пријавена и во Прилеп.

„Преку единствениот број за итни случаи 112 вчера е пријавено за пронајдена змија на улицата „Мирче Ацев“ број 9 во Прилеп. Интервенирано е во 13:45 часот од страна на Територијалната противпожарна единица – Прилеп со тројца пожарникари и еден автомобил. Змијата е фатена жива, па транспортирана и пуштена во дивината“, објаснуваат од КМК.

Како што додаваат од ККМ, во текот на изминатото деноноќие имало и повици за опасно закачување на живи кабли, небезбедни патишта, паѓање дрвја врз возила и одрони.