Се зголемуваат цените на хотелските услуги во Македонија

Индексот на цените на хотелските услуги за периодот јануари-март 2025 година во однос на истиот период лани е зголемен за 6,2 отсто, а во однос на декември 2024 година е зголемен за 0,8 отсто.

Според податоците на Државната агенција за статистика, индексот на цените на хотелските услуги во март 2025 година во однос на истиот месец лани е зголемен за 6,9 отсто, а во однос на февруари 2025 година е зголемен за 1 отсто.