Американско-иранските разговори , кои ќе се одржат во сабота на 12 април во Оман, ќе ги водат иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и претставникот на американскиот претседател Стив Виткоф, објавија иранските државни медиуми на Телеграм, пренесува Ројтерс.
Арагчи претходно потврди дека индиректните разговори меѓу Техеран и Вашингтон ќе се одржат во сабота во Оман.
„Иран и САД ќе се сретнат во сабота во Оман на индиректни разговори на високо ниво“, напиша Абас на социјалната мрежа X.
Тој додаде дека „ова е и можност и тест“ и дека „топката е на теренот на Америка“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека САД и Иран водат директни преговори за иранското нуклеарно прашање.