Во интервју за Црногорската телевизија, кое ќе се емитува вечерва, Милатовиќ рече дека следната недела ќе отпатува за Брисел каде ќе разговара со европските парламентарци и дека ќе побара Европската комисија да го одложи објавувањето на извештајот за напредокот, со цел да им даде на владата и парламентот повеќе време за постигнување резултати.
– Извештајот на Европската комисија е добар одраз на ситуацијата, но кога ќе го анализирате, сфаќате дека многу работи што се напишани се резултат на институционална нестабилност во претходните три години – рече тој.
Според неговите зборови, двете влади не успеале да ги завршат клучните реформи кои беа потребни во владеењето на правото, судството и слично во врска со парламентот.
– Во оваа насока решив следната недела да отпатувам за Брисел, каде што во разговор со пратениците ќе ги објаснам работите, ќе презентирам поинаква визија и се надевам дека по разговорот некои работи ќе им бидат појасни и дека разговорот ќе влијае на Декларацијата за Црна Гора, која треба да ја донесе во септември-октомври. Ќе побарам и одложување на извештајот за напредокот за да им се даде време на новиот парламент и владата да ги реализираат работите – најави Милатовиќ.