,,Се игра опасна игра“ Милановиќ упати сериозно предупредување, открива што би се случило доколку Украина биде поканета во НАТО (фото)

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека е јасно дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е незадоволен од пораките на НАТО затоа што очекувал повеќе, но „не затоа што некој ветил нешто повеќе туку затоа што не реализирал“.

– Се игра опасна игра, ако Украина беше поканета во НАТО, тоа ќе беше објава на војна против Русија. Очигледно сакаат да го избегнат тоа и така ќе остане засега – изјави Милановиќ.

Тој наведува дека се воздржал од изјави на таа тема. Тој додаде дека му е жал за она низ што минуваат луѓето во Украина.

– За мене е поважно она што се случува во БиХ од она што се случува во Украина – нагласи Зоран Милановиќ.