Се крие во повеќето фрижидери: Еве која храна најдобро го убива здивот од лукот

Ако сте јаделе премногу лук, јогуртот би можел да ви биде најдобар сојузник во борбата против лошиот здив. Според американските научници, јогуртот од полномасно млеко може да спречи 99 отсто од хемикалиите кои предизвикуваат лош здив од консумирањето лук.

Грчкиот јогурт, кој има повеќе протеини од повеќето други јогурти, може да биде особено ефикасен, напишаа истражувачите во нивниот заклучок објавен во списанието Molecules.

„Храната со висока содржина на протеини е многу популарна во моментов, но она што досега не е познато е дека протеинот може да се продава како освежувач на здивот“, вели професорката Шерил Барингер од Државниот универзитет во Охајо.

Претходните студии покажаа дека јаболката, нането и зелената салата можат да помогнат во борбата против лошиот здив. Се претпоставува дека истиот ефект го има и јогуртот, кој во истражувањето го намалил мирисот на непријатните соединенија на сировиот лук за 99 отсто, а на пржениот лук за 94 отсто.