СЕ ‘КРЧКА’ ЛИ СЕНЗАЦИОНАЛЕН ТРАНСФЕР !? Англичаните откриваат: Ливерпул почна преговори со ПСЖ – Килијан Мбапе наскоро на “Енфилд“ !?
Еден од најдобрите фудбалери во светот, Французинот Килијан Мбапе, би можел да заврши на позајмица во Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми.
Ливерпул започнал преговори со Пари Сен Жермен со цел да го доведе најдобриот француски фудбалер на едногодишна позајмица, открива весникот Mirror.
Да потсетиме, Килијан Мбапе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ и следното лето ќе може слободно да избере нова средина. ПСЖ е бесен поради тоа, и не го повикаа тренинг-кампот со клубот и сакаат да се ослободат од него. Ал Хилал наводно понудил 300 милиони за одличниот фудбалер, но Килијан Мбапе не сака да замине во Саудиска Арабија, а сега постои опција следната сезона да ја помине на позајмица на „Енфилд“.
Британскиот таблоид тврди дека Ливерпул е подготвен да одвои одредена сума на пари на Пари Сен Жермен со цел брилијантниот Французин да помине една сезона кај нив на позајмица.
Мајката на Килијан Мбапе е голем фан на Ливерпул и самиот фудбалер секогаш со голема почит зборуваше за овој клуб. Јирген Клоп би сакал да го види во својот тим и англискиот клуб ќе се обиде да ги убеди сопствениците на ПСЖ да го пуштат на позајмица.
ПСЖ не сака Килијан Мбапе да го напушти клубот без да има профит од неговата продажба, но Французинот е немилосрден и постои голема можност тоа на крајот да се случи.
Сега им се отвори многу добра можност да заработат и јасно е дека ќе бараат големи пари од англискиот фудбалски гигант.