Се мажи српската фолк пејачка Теа Таировиќ: На свадбата кани само блиски пријатели

Српската фолк ѕвезда Теа Таировиќ наскоро ќе стапне на лудиот камен со својот избраник Иван, објавија локалните медиуми.

Новинарите дознаа дека венчавката ќе се одржи тајно надвор од Белград и дека се поканети само семејствата, најблиските пријатели и избраните колеги од музичката сцена.

Двојката ја чуваше својата врска подалеку од очите на јавноста. Тие почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023 година. Тој работи како член на нејзиното обезбедување, па ја придружува на секој настап.

Тие двајца неодамна отпатуваа во Дубаи, каде што таа настапи. После тоа поминале неколку дена одморајќи се и уживајќи.

Пејачката претходно за време на гостувањето во „AmiG ​​Show“ проговори дека е среќна во љубовта, но дека не сакала да открива детали.

„Ќе останам воздржана, но да, имам некој што ми се допаѓа. Колку помалку луѓе знаат дека сте среќни, толку подолго ќе бидете среќни. Јас сум јавна личност, но не сакам да ја презентирам мојата приватност”, рече таа.