Шакира се најде во центарот на медиумското внимание по раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике, со кој има два сина.
Шакира и Пике беа еден од најпознатите парови во светот, сите беа изненадени од веста за нивното раскинување по десет години врска. По многу информации се дозна дека фудбалерот ја изневерил пејачката, а целата приказна не заврши тука.
Пике набрзо започнал врска со Клара Чиа Марти, а Шакира во меѓувреме почнала да снима одмазднички песни и одеднаш публиката се поделила на оние кои ја поддржуваат и оние кои се уште се на негова страна.
По меѓусебните обвинувања, пуштањето валкани алишта и прозивките на Шакира во кои беа вклучени и родителите на Пике, се чинеше дека пејачката конечно се повлече. До сега.
Колумбиската ѕвезда објави нова песна наречена El Jefe (The Boss), а најголемо внимание привлече стихот посветен на нејзиниот свекор.
„Велат дека нема зло што трае повеќе од сто години, но мојот поранешен свекор е сè уште тука и не стапнал во гроб“, пишува во стихот, кој повторно предизвика лавина коментари.
Песната за само неколку часа собра милиони прегледи.
Со оглед на тоа што таткото на Пике е бизнисмен и раководи со компаниите на неговиот син, некои го поврзаа контекстот на песната со ова и се запрашаа дали е можно поранешниот свекор на Шакира да ги искористува неговите работници, како што се наведува во текстот.