СЕ НАТОПИЛА ВО КРВ И ТРИ ЧАСА СЕ ПРЕПРАВАЛА ДЕКА Е МРТВА – Ужасна исповед на млада Израелка која го преживеала ‘фестивалот на смртта’: “Бегајте и молете се…“

Меј Хајат (30 г.), која го преживеала масакрот на фестивалот „Супернова“ во близина на Појасот Газа, кога милитантите на Хамас убија најмалку 260 луѓе, објави на социјалната мрежа Инстаграм дека успеала да се спаси покривајќи се со крв три часа, време за кое се преправала дека е мртва.

Таа работела на фестивалот и била заедно со нејзиното момче Лајрон.

Таа напиша дека тогаш музиката престанала и почнал „кошмарот“ кога терористите упаднале на музичкиот настан и почнале да пукаат во невини луѓе.

Девојката на социјалната мрежа Инстаграм напишала дека забележала ракети над нивните глави кога оделе до подиумот за да го гледаат „прекрасното изгрејсонце“ во саботата наутро.

Музиката престана и чекавме да се смири ситуацијата пред да си одиме дома. Одеднаш, мојот пријател ми се јави на телефон и ми кажа дека сите што ја напуштиле забавата биле застрелани“, пишува во објавата Меј Хајат.

Таа, како што објаснува, потоа почнала да трча кон најблиските полицајци и ги замолила да оди со нив за заедно да им помогнат на нападнатите.

Но, кога сфатија дека доаѓаат се повеќе терористи, беа немоќни. Беше голем хаос“, сведочи таа во објавата.

Во продолжение на објавата таа пишува:

Отидовме да се скриеме во полициска станица и сите седнавме на подот. Некои плачеа, некои шепотеа, некои имаа напади на анксиозност, додека некои целосно молчеа. Ги прегрнав сите што плачеа и не можеа да здивнат, додека Лајрон им помагаше на ранетите додека нападот продолжуваше“.

Мај Хајат, израелски, Израел, фестивал, масакр
Меј Хајат / Инстаграм

Како што пишува девојката, ситуацијата се влошувала од момент во момент.

Се слушаа истрели како се приближуваат. Полицајците застанаа на вратата вооружени и се гледаа со страв во очите. Не викнаа да се сокриеме, а пред да заминат, се свртеа кон нас и ни рекоа: Бегајте и молете се“, вели девојката во објавата.

Меј Хајат објаснува дека полицајците паѓале еден по еден за време на пукањето.

Настана момент на шокантна тишина“, вели Меј Хајат пред да избега од опасната зона.

Излеговме од собата трчајќи низ бојното поле и наеднаш се свртев и го видов Лајрон. Тој остана таму и не отиде со нас. Дадовме се од себе и трчавме најбрзо што можевме додека не стигнавме до амбулантата и се сокривме позади. Од сите страни доаѓаа истрели. Видов еден човек во далечината. Тој ми шепна: Дојди овде, побезбедно е“, сведочи Меј Хајат.

Истрчав до него, но никој не дојде со мене. Трчавме заедно додека не дојде возило. Тоа беше еден од посетителите на фестивалот кој се понуди да ни помогне да избегаме“, напиша Меј Хајат во објавата.