Страшен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди јужните делови на Турција, Либан и Сирија.
По разорниот земјотрес, кој рано утринава ја погоди Турција, дошло до експлозија и пожар на гасоводот во селото Топбогази, во областа Кирихан.
Според Хуриет, поради тоа е прекинат протокот на природен гас во провинциите Газиантеп, Хатај и Кахраманмарас и областите Пазарчик, Нарли, Бесни, Голбаши, Нурдаги, Ислахије, Реиханли, Кирихан и Хаса .
Старешината на селото Топбогази, Билал Алпдоган, истакна дека експлозијата проследена со земјотрес и пожар одекнала на две различни точки, 200 метри под нивото на селото и три километри подалеку.