Се обесило поради изгубен телефон? Момче (12) од Сјеница живеело во сиромаштија, а пријателите постојано го задевале за една работа (фото)

Младо момче (12) денес се самоубило откако си играло со другарите во селото Градац кај Сјеница. Момчето се обесило на дрво на ридот над куќата. Брзата помош веднаш по повикот пристигнала на местото на настанот, но несреќното момче не можело да се спаси.

Го пронашле момчето како виси на јаже. Семејството на момчето живеело во многу тешки услови во мала куќа.

Познаници на семејството рекле дека и покрај сите маки и сиромаштија, малото момче било добар ученик и редовно одело на училиште. Сепак, се претпоставува дека низа работи го навеле момчето да се самоубие. Момчето често го задевале бидејќи наводно имало говорна маана.

– Беше многу интелигентен, ја сакаше математиката и знаеше да собира и дели големи броеви напамет. Момчето често го исмевале поради пелтечење, но тоа се трудешее да го поднесе тоа. Беше борец и горд, иако речиси и да немаше услови за живот. Беа упатени неколку апели за него и неговото семејство за да можат да живеат достоен живот. Со помош на добри луѓе им е изградена нова куќа – изјави познаник на семејството.

Според изворите, освен задевањето на другарите, момчето го изгубило и мобилниот телефон кој го позајмил од пријател.

– Тој беше одговорен и тоа што му се случи многу го потресе. Не смеел да им каже на родителите за губењето на телефонот. Но, тој и’ кажал на роднина, а таа му искоментирала „Црни сине, што не внимаваше, мајка ти ќе те кара“. Недолго потоа момчето било пронајдено обесено. Во разговор со семејството ми кажаа дека малото момче имало самоубиствени мисли, но не обрнувале внимание на тоа, бидејќи неговиот живот сè уште бил пред него – рекол пријател на семејството.

Мотивот зошто малото момче решило да се самоубие засега официјално не е познат.

Директорот на Здравствениот дом во Сјеница, д-р Алтан Хамидовиќ, за медиумите изјави дека овој трагичен настан дополнително нагласува колку е важно да се работи на менталното здравје на целата заедница, но и да се обезбеди навремена помош на оние на кои тоа им е потребна.

– Ги повикуваме сите да бидат хумани и да се солидаризираат во овие тешки моменти. Важно е заедно да се ангажираме за да ги обезбедиме потребните ресурси и поддршка за менталното здравје во заедницата и да работиме на спречување на слични трагедии во иднина – изјави директорот на Здравствениот дом во Сјеница, д-р Алтан Хамидовиќ за порталот sjenica.com.