СЕ ОБИДЕЛ ДА ПЛАЧЕ 100 ЧАСА БЕЗ ЗАПИРАЊЕ И ПОСТАВИ ​​РЕКОРД: Прво почувствувал главоболка, а потоа се случило нешто што го преплашило

Тембу Даниел, комичар од Нигерија, неодамна се обиде да постави необичен светски рекорд за непрекинато плачење . Неговата цел била да рони солзи 100 часа, но неговиот план бил спречен кога морал да ја прекине активноста поради непредвидени несакани ефекти.

Тембу почнал да плаче на 9 јули, но морал да престане по 6 часа, бидејќи прво почувствувал главоболка , очите му отекле, а по пат го изгубил и видот.

Комичарот го испаничило губењето на видот, но за негова среќа тоа било само привремена појава, бидејќи видот му се вратил по околу 45 минути.

„Ме натера да ја сменам стратегијата и да го намалам плачењето“, изјавил овој човек и додадел дека е решен да го постави Гинисовиот рекорд.

Сепак, иако не успеа во својата цел да плаче 100 часа без пауза, Тембу оваа бројка ја постигна за седум дена, ако им се верува на објавите на Инстаграм.

„Го направивме тоа! 100 часа плачење за седум дена. Ви благодариме за неверојатната поддршка, ве сакам сите“, напиша тој под видеото од отчукувањата на часовникот на 100-тиот час.

Иако имал амбиција да постави светски рекорд, се претпоставува дека комичарот не ни контактирал со Гинис, што може да се заклучи од јавната реакција на организацијата на неговиот обид.

„Само да ги разјаснам неодамнешните гласини. Никогаш не би го следеле рекордот за најдолго континуиран плач“, објави нивниот официјален профил на Твитер.

Можеби Тембу Даниел не успеал да заплаче 100 часа, но секако успеал да привлече внимание, бидејќи овој настан го пренесоа бројни светски портали.