Се огласи адвокатот на Палевски, главниот осомничен за двојното убиство во Македонија

Васко Стојков е адвокат на Љупчо Палевски, главниот осомничен за двојното убиство во Македонија, кој на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, беше спомнат како сопатник во бегството на Палевски во Белград, пренесува Телеграф Македонија.

„Тој ме замоли да го придружувам во Белград бидејќи нема автомобил и не можел да најде нотар да ги преведе документите на друг автомобил за да патува во странство. Немам никаква врска со ова. Знам само дека ме замоли да одиме во Белград, на одредени проверки со рок. Му кажав дека ќе го придружувам таму, бидејќи не знаев ништо за убиствата“, рече Стојков.

„Остана во Белград откако ми кажа дека следниот ден има посета на лекар. Ако се е во ред, ќе се врати во Македонија, ако има компликации, ќе оди во Турција. Кога дојдов во Македонија, на граница полицијата ме проверуваше насекаде и ви кажав се што знаев, бидејќи немам што да кријам“, изјави Стојков за ТВТелма, додавајќи дека веќе е во Македонија.

„Јас сум адвокат и сите имаме обврски пред општеството и нормално би ги известил властите доколку знам нешто.