Авиокомпанијата Ер Индија по страшната несреќа и падот на авионот во Индија објави детали за граѓаните кои биле во авионот.
Според официјалните информации, авиокомпанијата потврди дека летот AI171 од Ахмедабад до Лондон се случил несреќа по полетувањето.
„Летот, кој полета од Ахмедабад во 13:38 часот, превезуваше 242 патници и членови на екипажот во авион Боинг 787-8. Од нив, 169 беа индиски државјани, 53 британски државјани, еден канадски државјанин и седум португалски државјани“, се вели во соопштението.
Исто така, повредените се превезуваат во најблиските болници.
„Ер Индија им обезбедува целосна соработка на властите што го истражуваат овој инцидент“, објаснија тие.
Портпаролот на индискиот аеродром Ахмедабад за новинските агенции изјави дека аеродромот во моментов не е во функција и дека сите летови се привремено суспендирани.